Русија е егзистенцијална закана за безбедноста на Европската унија, а единствениот начин да се спречи тоа е да се зголемат трошоците за одбрана, изјави денеска шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, додавајќи дека ЕУ предолго и нуди алтернативи на Русија.
-Русија е егзистенцијална закана за нашата безбедност денес, утре и колку и да се недоволни инвестиции во нашата одбрана, рече таа во говорот на годишната конференција на Европската агенција за одбрана (ЕДА).
„Луѓето велат дека сум ’јастреб’ кога станува збор за Русија. Мислам дека сум само реална“, рече Калас.
Калас, која е меѓу најгласните противници на рускиот претседател Владимир Путин во ЕУ, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е во право кога вели дека земјите-членки на ЕУ не трошат доволно за одбрана.
Трамп овој месец рече дека членките на НАТО треба да потрошат пет проценти од БДП за одбрана, што би било големо зголемување од сегашната цел од два проценти и ниво што во моментов не го исполнува ниту една членка на НАТО, дури ни САД.
-Времето не е на страната на Русија. Но, нужно не е и на наша страна. Се уште не правиме доволно. Не треба да се сомневаме дека мора да издвоиме повеќе за да спречиме војна. Но, мора да се подготвиме и за војна, рече Калас./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата