logo
logo
logo

Пресметаа КОЛКУ МИЛИЈАРДИ ЌЕ ЧИНИ ОБНОВАТА на Украина

Vecer | 25.10.2022

Пресметаа КОЛКУ МИЛИЈАРДИ ЌЕ ЧИНИ ОБНОВАТА на Украина

Светската банка денеска објави дека исплатила дополнителни 500 милиони долари за да и помогне на Украина да ги исполни своите итни потреби за трошење.

Според извештаите, финансирањето од Меѓународната банка за обнова и развој, главната филијала на Светска банка, е поддржано со гаранција за заем од 500 милиони долари од Велика Британија, која беше објавена на 30 септември, објави Ројтерс.

– Руската инвазија продолжува да предизвикува масовно уништување на инфраструктурата на Украина – вклучително и водоводната, канализационата и електричната мрежа, токму кога се наближува зимата, дополнително загрозувајќи го украинскиот народ – изјави претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас.

Како што е наведено, новиот дел од финансирањето што денеска беше исплатен ќе биде наменет за одржување на државните услуги.

Светска банка мобилизираше вкупно 13 милијарди долари за итно финансирање на Украина, од кои 11,4 милијарди долари се целосно исплатени. Во извештајот, објавен во септември од Светската банка, Европската комисија и владата во Киев, се наведува дека рускиот напад предизвикал повеќе од 97 милијарди долари директна штета до 1 јуни и дека обновата на Украина може да чини речиси 350 милијарди долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk