Премиерот на Баварија бара забрана за извоз на вакцини произведени во Европа

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Зедер, ги критикуваше американските власти поради прекинот на испораката на вакцините на „Астразенека“ во Европа и побара од ЕУ да забрани извоз на вакцини произведени во Европа.
„Не може вакцините постојано да одат од Европа, а САД да ги складираат вакцините и Европа да ги чека“, рече Зедер.
Според него, потребно е да се разговара со американската влада за тоа, бидејќи, како што рече, таа тема спаѓа во добрите трансатлантски односи.
makfax.com.mk