logo
logo
logo

Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој, изјави катарскиот премиер Ал-Тани

Vecer | 17.04.2024

Преговорите меѓу Израел и Хамас се во застој, изјави катарскиот премиер Ал-Тани

Поминуваме низ чувствителна фаза со одреден застој и се обидуваме колку што е можно повеќе да го решиме тоа“,  изјави денеска катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани на прес-конференција со романскиот премиер Марсел Чолаку.

Катар, заедно со САД и Египет, е ангажиран во неколкунеделни разговори за да се обезбеди примирје во Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници кои се чуваат во израелските затвори.

Преговарачите се обидуваат „да продолжат напред и да стават крај на страдањата што ги доживуваат луѓето во Газа и да ги вратат заложниците“, рече шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk