logo
logo
logo

Пратеничка ја напушти владејачката партија, па го нападна британскиот премиер: Се срамам од вас

Vecer | 29.09.2024

Пратеничка ја напушти владејачката партија, па го нападна британскиот премиер: Се срамам од вас

Таа сподели и писмо во кое го критикува премиерот Кир Стармер дека прифаќал вредни подароци, пишува Sky News.

Таа рече дека одлуката ја донела затоа што Стармер решил да инсистира на политики кои немале поддршка од гласачите. Таа го обвини премиерот и неговиот тим за „лигавост, непотизам и алчност“ кои се „надвор од мерката“. „Толку се срамам од она што вие и вашето најблиско опкружување го направивте за да ја омаловажите и понижите нашата некогаш горда партија“, рече таа.

Стармер се најде на удар на критиките откако беше откриено дека добил значително повеќе подароци од кој било друг пратеник откако стана лидер на Лабуристите. Од декември 2019 година, Стармер добил 107.145 фунти вредни подароци, бенефиции и гостопримство.

Дафилд, која претходно се судри со премиерот за родови прашања, ја нападна владата дека спроведува „сурова и непотребна“ политика. „Од смената на власта во јули, откритијата на лицемерието се запрепастувачки и сè побезобразни“, предупреди таа.

„Не можам со зборови да објаснам колку моите колеги и јас сме лути поради вашето целосно неразбирање за тоа како изгледаме поради вас“, додаде таа. Нејзините односи со раководството на лабуристите долго време беа затегнати, а нејзината одлука да ја напушти партијата доаѓа откако седум други лабуристички пратеници беа суспендирани бидејќи гласаа против највисокиот партиски врв.

Гореспоменатите седум пратеници гласаа за укинување на мерката за ограничување на примањето државен надоместок на најмногу две деца по семејство. Споменатата мерка беше воведена од конзервативците во 2017 година како дел од мерките за штедење.

„Некој со многу натпросечно богатство избира да ја задржи конзервативната граница на бенефициите што ги тоне децата во сиромаштија, додека необјасниво прифаќа скапи лични подароци од дизајнерски костуми и очила кои чинат повеќе отколку што повеќето од тие луѓе можат да сфатат“, рече Дафилд.

Таа најави дека ќе продолжи да ги претставува своите гласачи како независен пратеник, „водена од нејзините суштински работнички вредности“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk