Одлуката на Русија да ја стави Чешка на списокот на „непријателски“ земји заедно со САД претставува чекор понатаму во ескалацијата во односите. Покрај списокот на „непријателски“ земји, чекор напред е ограничувањето на бројот на локални жители кои можат да бидат вработени во амбасадата на Чешка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Прага.
„ На овој потег на Русија гледаме како на нов чекор кон понатамошна ескалација во односите не само со Чешка, туку и со целата Европска унија и нејзините сојузници“, се вели во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Руската влада денес официјално ги стави Чешка и САД на списокот на „непријателски земји“ и објави дека ќе бидат преземени мерки против тие земји, што значеше дека американската амбасада во Москва повеќе нема да може да вработува локални жители, додека бројот на вработени локални работници во амбасадите во Чешка е ограничен на 19.
makfax.com.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата