Руските надлежни органи утврдиле дека пушката од која ученичката пукала во училиштето во Брјанск му припаѓала на нејзиниот татко и дека имал дозвола за поседување оружје, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за внатрешни работи за регионот Брјанск.
Според информациите на Истражниот комитет, 14-годишна ученичка ја донела пушката - сачмарка во училиште, од која испукала неколку истрели, од кои еден усмртил девојче, а уште пет ученици се ранети.
Девојчето кое го изврши нападот, се самоуби.
Пушката од која пукала малолетничката била на нејзиниот татко и законски се чувала дома.
„Согласно важечките регулаторни и правни акти, проверката на чувањето на оружјето во рацете на граѓаните се врши врз основа на мотивирани писмени барања на соодветните единици на Руската гарда“, се наведува во пораката на Истражниот комитет.
Пет лица се пренесени во болница поради повреди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата