logo
logo
logo

Познат комичар за протестот поради цртежите на Мухамед: Дали ќе се казнува и навреда на еднорог?

Vecer | 26.03.2021

Познат комичар за протестот поради цртежите на Мухамед: Дали ќе се казнува и навреда на еднорог?

Славниот британски комичар Рики Герваис ги исмејуваше демонстрантите што се собраа пред едно британско училиште и побараа разрешување на наставник кој наводно на децата им покажувал слика на Мухамед принудувајќи го директорот да ја откаже наставата за 980 ученици.

Герваис, кој се прослави со шегите на сметка на религијата и честопати вулгарни и навредливи шеги, објави на „Твитер“: „Богохулење? Е*ано богохулење? 2021 година е, боже мој. Што е следно? Луѓето ќе бидат казнети за навреда на еднорог?“

Инаку, Гeрваис на „Твитер“ го следат 14,5 милиони луѓе.

Британскиот министер за образование синоќа рече дека ги осудува заканите и заплашувањата на кои бил изложен наставникот, кој беше суспендиран за прикажување карикатура на Мухамед на час.

Министерот Гавин Вилијамсон истакна дека протестите пред училиштето во западен Јоркшир се целосно неприфатливи додавајќи дека на наставниците им било дозволено да ги изложуваат учениците на предизвикувачки или контроверзни теми, пишува „Телеграф“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=m_4Aa4pXhjs[/embed]

Неговата изјава следува откако вчера утрото десетици демонстранти се собраа пред вратите на средното училиште „Батли“ принудувајќи го училиштето да ги советува учениците да останат дома додека полицијата го чува училиштето. 29-годишниот наставник по религија наводно им ја покажал на учениците контроверзната слика за време на часовите во понеделникот. Тој мораше да побара засолниште во четвртокот вечерта откако полицијата изрази загриженост за неговата безбедност бидејќи неговото име се појави на интернет.

Инцидентот се случи неколку месеци откако исламистички терорист обезглави наставник во Франција, кој на учениците им покажа слики од Мухамед.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk