Околу 2.000 жители на Калифорнија вчера беа повикани  итно да ги напуштат своите домови поради приближувањето на пожарот Дикси кој е најголемиот пожар оваа година во државата.

„Ако се уште сте во своите домови, треба да се евакуирате кон исток, веднаш“, напиша канцеларијата на шерифот на округот Плумас на Твитер, обраќајќи им се на жителите на Гринвил и Честер.

„Ако не можете да избегате, засолнете се на бејзбол теренот Честер колеџ“, се додава во предупредувањето.

Пожарот Дикси се шири сега засилен со силни ветрови, а гори од средината на јули. Дикси  ги опустоши шумите во северна Калифорнија и се поврзува со климатските промени што предизвикуваат топлотни бранови и суши низ целиот свет, вклучително и Северна Америка.