Во близина на Тел Авив имало 20-ина нападнати места, објави ynet.
Неколку лица се повредени, вклучувајќи и жена, која претрпела сериозни повреди, соопшти службата за итни случаи „Маген Дејвид Адом“. Училиште во Тел Авив исто така било погодено.
Портпаролот на војската изјави дека е многу веројатно оти е употребена касетна муниција.
На северот од Израел погодени биле најмалку 10 места, и тоа во областа Хаифа, по иранскиот напад со касетна муниција, објави ynet. Се наведува дека во нападите биле запалени неколку автомобили.
Во текот на ноќта две лица беа пронајдени мртви во зграда во Хаифа по напад на иранска ракета.
„Хјуман рајтс воч“ неодамна ги осуди нападите со касетна муниција на Иран врз израелските градови велејќи дека тоа би можело да биде воено злосторство.
„Употребата на касетна муниција од страна на Иран во населените области на Израел претставува предвидлива и долгорочна опасност за цивилите“, рече Патрик Томпсон, истражувач за кризи, конфликти и оружје во „Хјуман рајтс воч“.
„Малите бомби со касетна муниција се распрснуваат на широка област, што ги прави неселективни, што ги крши законите на војувањето“, рече Томпсон, објави ДПА.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата