logo
logo
logo

Пожар во близина на одморалиште во југозападна Турција - Евакуирани 300 луѓе

Vecer | 23.06.2022

Пожар во близина на одморалиште во југозападна Турција - Евакуирани 300 луѓе

Повеќе од 270 луѓе се евакуирани во близина на одморалиште во југозападна Турција поради пожар што избувна во вторникот и се прошири поради високите температури и силните ветрови, изјави министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи.

Зафатени се речиси 3.000 хектари земјиште

274 жители мораа да го напуштат својот дом или работно место, рече Кирисчи во Мармарис, популарно одморалиште во медитеранската провинција Мугла. Досега се зафатени речиси три илјади хектари земјиште. Пожарот најпрво избувна во националниот парк Мармарис.

Лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу истакна дека регионот е особено ранлив на шумски пожари поради климатските промени и ја обвини владата за неподготвеност. Шумски пожар гори и во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот од земјата, јавува медиумската куќа ТРТ.

Минатото лето огромните пожари уништија илјадници хектари ширум Турција, а најтешко беа погодени бреговите на Егејското и Средоземното Море. Во тоа време, владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше критикувана за лошата подготовка и недостатокот на воздушна поддршка.

Во гаснењето на пожарот помагаат 12 авиони и 45 хеликоптери, рече Кирисчи и додаде дека уште три хеликоптери пристигнуваат од Катар и авион од Азербејџан.

Покрај тоа, Турција, Израел и Кипар испратија авиони и хеликоптери за да помогнат во гаснењето на пожарите во северниот, турски дел на островот Кипар, објави државната новинска агенција Анадолу. Пожарот избувна во вторникот во областа Мерсинлик, на околу 83 километри североисточно од Никозија, јави Анадолу.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk