logo
logo
logo

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

Vecer | 30.04.2024

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk