logo
logo
logo

Повредени патници и членови на екипажот при силни турбуленции на авион од Истанбул (ВИДЕО)

Vecer | 06.09.2024

Повредени патници и членови на екипажот при силни турбуленции на авион од Истанбул (ВИДЕО)

Уште еден во низата инциденти со силни турбуленции заврши со хоспитализација на патници.

Инцидентот се случил вчера на летот ТК24 на Туркиш ерлајнс од Истанбул (IST) до Тајпеј (ТПЕ). За време на летот на Boeing 777-300ER (TC-JJE) над Кина, на околу 10.100 метри надморска височина дошло до силни турбуленции, објави The Aviation Herald.

На видеото снимено во авионот на турската авиокомпанија јасно се гледа како облека, храна и други работи се расфрлани низ кабината Четворица патници и двајца членови на екипажот се повредени, но и покрај тоа, екипажот на летот решил да го продолжи патувањето до Тајпеј.

Авионот безбедно слетал на аеродромот во Тајван два часа подоцна. Итната помош им пружила лекарска помош на патниците и членовите на екипажот, а двајца од нив поради тежината на повредите се пренесени во болница.

Податоците од службата за следење летови FlightRadar24 покажуваат дека Боинг 777 останал на земја четири часа пред да полета за Истанбул. Се чини дека Боингот 777 не бил оштетен бидејќи вчера и денеска продолжил да лета редовно.

Турбуленциите стануваат сè посериозен проблем за авиоиндустријата. Претходните месеци беа забележани голем број инциденти кои резултираа со тешки повреди - додека на еден лет загина патник.

Авиокомпаниите се обидуваат да ги ублажат последиците од турбуленциите, а една од мерките се однесува на храна во авионите. Во средината на август, Korean Air престана да им служи нудли на патниците во економска класа поради ризик од турбуленции, односно жешките тестенини да се излеат и да предизвикаат потенцијални изгореници на кожата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk