logo
logo
logo

Повлечен популарен гел за туширање: Страшно е што содржи, а најмногу го користат жени!

Vecer | 05.08.2025

Повлечен популарен гел за туширање: Страшно е што содржи, а најмногу го користат жени!

Контроверзната серија се однесува на гел во бело пластично шише, со сериски број 4191MBX и баркод 8711700955775.

„RAPEX“ наведува дека производот претставува хемиски ризик, особено поради фактот што го користи голем број луѓе.

– Според листата на состојки, производот содржи 2-(4-tert-butylbenzyl) propionaldehyde (BMHCA), кој е забранет во козметички производи. BMHCA може да му наштети на репродуктивниот систем, на здравјето на нероденото дете и да предизвика сензибилизација на кожата – се наведува во официјалното предупредување.

Овој случај следува по сличното повлекување на машката верзија од „Dove“ гелот за туширање, кој исто така беше повлечен поради ист хемиски ризик.

На потрошувачите им се советува да ги проверуваат сериските броеви и составот на производите пред употреба, како и веднаш да престанат со употреба доколку веќе го имаат овој производ дома, пренесува Biz portal.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk