logo
logo
logo

Повеќекратно убиство во Милвоки, пронајдени пет тела во куќа

Vecer | 24.01.2022

Повеќекратно убиство во Милвоки, пронајдени пет тела во куќа

Помошник началникот на полицијата во Милвоки, Пол Формоло, на прес-конференција изјави дека полицијата одговорила на повикот на граѓани да ја проверат состојбата во една куќа, кога пронашле тела на пет лица – четворица мажи и една жена.

– Сите пет смртни случаи се третираат како убиства. Идентитетот на жртвите се уште се утврдува, а ќе бидат извршени и обдукции, рече Формоло.

Тој додаде дека сè уште не се познати мотивите и дека нема информации што би навестиле дека постои опасност за заедницата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk