logo
logo
logo

Повеќе од 300 мртви од почетокот на немирите во Иран: „Сите во земјата се погодени од смртта на младата жена“

Vecer | 29.11.2022

Повеќе од 300 мртви од почетокот на немирите во Иран: „Сите во земјата се погодени од смртта на младата жена“

Повеќе од 300 луѓе ги загубија животите во Иран откако избија протести на 16 септември по смртта при полицискиот притвор на 22-годишната Курдска девојка Махса Амини, обвинета за кршење на строгите правила за облекување, потврдија во понеделникот вечерта Чуварите на револуцијата.

„Сите во земјата се погодени од смртта на младата жена. Немам најнови бројки, но мислам дека имаме повеќе од 300 маченици и убиени меѓу најдобрите деца на оваа земја“, рече генералот Амирали Хаџизадех, алудирајќи на органите на прогонот и демонстрантите, во видеото објавено на Интернет од страна на новинската агенција Мехр.

Хаџизаде е командант на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, паравоено идеолошко крило на иранската армија.

Иран за човекови права (IHR), невладина организација за човекови права во Иран со седиште во Норвешка, објави дека „најмалку 416 луѓе се убиени во репресијата на протестите во Иран“.

Според IHR, оваа бројка ги вклучува загинатите во протестите поради смртта на Махса Амини и оние кои ги загубија животите во насилство во Систан-Балучистан, провинција на југот на Иран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk