logo
logo
logo

Повеќе од 40 повредени во протестите во Грузија

Vecer | 02.12.2024

Повеќе од 40 повредени во протестите во Грузија

Вкупно 44 лица се хоспитализирани на третата ноќ од протестите во главниот град на Грузија против владината одлука да ги прекине преговорите за влез во Европската унија, соопштија вчера официјални лица, додека протестите продолжија и синоќа – четврта ноќ по ред.

Десетици илјади демонстранти се собраа пред парламентот и синоќа, фрлајќи камења и палејќи факели, додека полицијата употреби водени топови и солзавец.

По четири часа полицијата успеа да го расчисти просторот околу зградата на парламентот.

За време на протестите пред парламентот во Тбилиси, повредени се повеќе од 110 припадници на органите на редот, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи. Грузиските медиуми јавија дека за време на протестот бил приведен еден од лидерите на опозициската партија „За промени“, Зураб Џапариѕе. Медиумите јавија дека тој бил приведен заедно со неколку демонстранти откако ја блокирале улицата со корпи за отпадоци.

- По насилните акции на демонстрантите на 1 и 2 декември повредени се 21 припадник на МВР. Службениците на редот се здобиле со различни повреди и ја добиле потребната лекарска помош. За време на протестите повредени се вкупно 113 припадници на МВР, од кои четворица се во болница, се наведува во соопштението на грузиското МВР.

Премиерот Иракли Кобахиџе повтори дека не е точно дека е стопирана европската интеграција на Грузија. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk