logo
logo
logo

Повеќе од 1.000 студенти на Харвард протестираа на церемонијата на доделување дипломи

Vecer | 24.05.2024

Повеќе од 1.000 студенти на Харвард протестираа на церемонијата на доделување дипломи

Повеќе од 1.000 студенти ја напуштија церемонијата на дипломирање извикувајќи „Слободна Палестина“; откако администрацијата на Харвард објави дека нема да доделува дипломи на студенти кои претходно учествувале во пропалестински протести.

Еден од организаторите на студентскиот протест, Шрути Кумар, изјави за американски медиуми дека 13 студенти треба да бидат меѓу дипломираните во 2024 година.

Објаснувајќи дека повеќе од 1.500 студенти и околу 500 универзитетски професори и вработени собрале потписи за наведените 13 студенти да ги добијат дипломите, Кумар истакна дека се длабоко разочарани од односот на универзитетската администрација кон слободата на изразување и правото на граѓанска непослушност.

Еден од 13-те студенти кои беа спречени да ги добијат дипломите, Асмер Асрар Сафи, рече дека казната покажува колку далеку може да оди универзитетот за да ги задоволи своите донатори.

„Иако нема да можеме да се вратиме на овој универзитет, се надеваме дека нашите пријатели ќе го одржат во живот наследството од Кампот на солидарност во Газа“, рече Сафи.

Одборот на доверители на Харвард соопшти дека 13 студенти со своето однесување ја прекршиле политиката на универзитетот за време на пропалестинскиот протест и затоа најавиле дека нема да им бидат доделени дипломите./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk