logo
logo
logo

Потврдена информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина

Vecer | 27.12.2024

Потврдена информацијата за заробен ранет севернокорејски војник од страна на Украина

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска потврди дека Украина заробила ранет севернокорејски војник, откако се појавија информации дека украинска специјална единица го заробила војникот, пренесе агенцијата Јонхап.

„Преку размена на информации во реално време со разузнавачка организација на пријателска држава, потврдивме заробување на ранет севернокорејски војник и планираме темелно да го следиме развојот на настаните“, се наведува во кусото соопштение на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.

Потврдата уследи откако украинската армиска новинска служба „Милитарни“ синоќа соопшти дека украинските сили го заробиле војникот за време на операции во руската Курска област, без да се наведе точниот датум на настанот.

Фотографија на наводниот севернокорејски војник, кој изгледа ранет, беше објавена на „Телеграм“. Засега нема повеќе детали за неговата состојба, додава „Јонхап“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk