logo
logo
logo

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба

Vecer | 16.01.2026

Поранешниот јужнокорејски претседател Јун осуден на пет години затвор поради воведување вонредна состојба

Тоа е прва пресуда во осумте казнени постапки што се водат против Јун. Тој е осуден и по други обвиненија, вклучително и пружање отпор при приведувањето. Најтешкото обвинение, за кое се води посебна постапка, е предводење на бунт, за што е предвидена и смртна казна.

Јун беше отповикан, приведен и сменет од претседателската функција откако во декември 2024 година воведе вонредна состојба, што предизвика масовни протести.

Поранешниот јужнокорејски претседател тврди дека не планирал земјата долго време да биде под воена управа, туку неговиот декрет бил наменет „само за информирање на народот за опасноста од либерално контролираниот Парламент кој ја опструирал неговата агенда“.

Според истражителите, декретот бил обид за зајакнување на неговата власт.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk