Рубио синоќа рече дека нападите на Вашингтон врз Иран се проактивна мерка за сопствена заштита на САД пред „неминовна закана“.
- Знаевме дека ќе има израелска акција. Знаевме дека тоа ќе предизвика напад врз американските сили и знаевме дека ако не тргнеме превентивно по нив пред тие да ги почнат тие напади, ќе претрпиме поголеми жртви-, рече Рубио, додавајќи: „Ова мораше да се случи, без разлика на сè“.
- Рубио го призна она што сите го знаевме: САД влегоа во војна по сопствен избор во име на Израел. Никогаш немало никаква таканаречена иранска „закана“, изјави Арагчи додавајќи дека според тоа, „пролевањето и на американската и на иранската крв“ е на товар на Израел.
„Американскиот народ заслужува подобро и треба да си ја врати својата земја“, продолжи иранскиот министер во објава на Х.
САД и Израел во саботата почнаа офанзива од големи размери против Иран, предизвикувајќи регионална ескалација во која Техеран лансира ракети кон американските бази во неколку заливски држави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата