logo
logo
logo

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити стана претседател на Грузија

Vecer | 14.12.2024

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити стана претседател на Грузија

Тоа го покажаа резултатите од пребројувањето на гласовите, кои директно беа пренесени на веб-страницата на парламентот.

За Кавелашвили гласаа 224 членови на колеџот од 300 избирачи. За да победи во првиот круг, требаше да добие две третини од гласовите.

Во септември, Кавелашвили ја опиша опозицијата како петта колона, чија цел е да го загрози мирот во Грузија, по налог на американската администрација, според Ројтерс.

Три месеци претходно Кавелашвили рече дека американските конгресмени планираат „насилна револуција и украинизација на Грузија, со желба да ја уништат земјата“.

Актуелната претседателка Саломе Зурабишвили беше избрана со поддршка на Грузискиот сон, но ја обвини партијата дека ги загрозува надежите на Грузија за влез во Европската унија.

Педесет и тригодишниот Кавелашвили, прифаќајќи ја претседателската номинација, рече дека ќе ја обедини Грузија, тврдејќи дека Саломе Зурабишвили го „навредила и игнорирала“ Уставот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk