logo
logo
logo

Поранешeн советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

Vecer | 02.04.2024

Поранешeн советник на Зеленски обвинет за проневера на речиси 2,5 милиони долари

Тоа го соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина, без да го именува осомничениот.

Во исто време, „Украинска правда“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека е обвинет Артем Шило. Извор од НАБУ изјави за Киев Индипендент дека во моментов не можат да ги коментираат овие наводи.

Шило претходно беше шеф на Одделот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) задолжен за деловна истрага. Тој беше разрешен во март годинава, но остана во служба на СБУ.

Шило наводно договорил купување трансформатори за украинските железници по цени многу повисоки од пазарните во 2022 година, по почетокот на војната во Украина. Компанијата кон која Шило наводно ги насочувал договорите била во сопственост на белоруски државјанин кој има врски со Русија, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина.

Инспекторите успеаја да запленат 1,3 милиони долари од банкарски сметки на луѓе осомничени за спроведување на таа шема. Во тој случај досега се приведени четири лица, соопшти Националното биро за борба против корупцијата на Украина. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk