logo
logo
logo

Освен Техеран, нападнати се и уште најмалку седум други градови Иран

Vecer | 28.02.2026

Освен Техеран, нападнати се и уште најмалку седум други градови Иран

Освен во Техеран, по нападот на САД и Израел врз Иран, експлозии се слушнале и во други ирански градови, вклучувајќи ги Исфахан, Караџ, Ком, Керманшах, Илам, Тебриз и Бушер, пренесе бугарската БТА, повикувајќи се на повеќе светски агенции и на иранските медиуми, вклучувајќи го и Фарс.

Експлозиите продолжиле да го тресат и Техеран, при што телекомуникациските линии се прекинати на некои места, како и интернетот.

Експлозии ја потресле и областа околу аеродромот Мехрабад, еден од двата аеродрома во иранската престолнина, за кој иранските медиуми објавија дека очигледно бил цел.

Министерството за здравство на Иран соопшти дека болниците се во состојба на готовност, но засега не се објавува број на жртви или повредени.

Инаку, нападнат е и Бушер каде се наоѓа нуклеарна централа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk