logo
logo
logo

Порака на Трамп до светските лидери: Правете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини

Vecer | 23.01.2025

Порака на Трамп до светските лидери: Правете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини

На неговата инаугурација пред три дена Трамп соопшти дека дека новата администрација во Вашингтон би можела да воведе високи царини за главните трговски партнери Канада, Мексико и Кина, веднаш на 1 февруари.

Тој, исто така, потпиша низа извршни наредби, повлекувајќи ги САД од Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.

-Дојдете направете го вашиот производ во Америка и ние ќе ви дадеме меѓу најниските даноци од која било нација на планетата, рече Трамп денеска, зборувајќи линковски од Вашингтон на Светскиот економски форум во Давос.

„Но, доколку не го произведувате вашиот производ во Америка, што е ваше право, тогаш многу едноставно ќе мора да платите царина“, додаде тој.

Во својот говор, Трамп додаде дека верува дека пониските цени на нафтата ќе помогнат веднаш да се стави крај на војната во Украина.

„Исто така, ќе побарам од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата“, мислејќи на Организацијата на земјите извознички на нафта.

„Ако цената се намали, руско-украинската војна веднаш ќе заврши“, рече тој, додавајќи дека во моментов „цената на нафтата е доволно висока за војна да продолжи“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk