logo
logo
logo

Џон Ратклиф е именуван за нов директор на ЦИА

Vecer | 23.01.2025

Џон Ратклиф е именуван за нов директор на ЦИА

Сенатот гласаше за потврдување на Ретклиф со 74 „за“ и 25 гласа „против“, при што 20 демократи и еден независен сенатор им се придружија на републиканците во поддршката на номинацијата, објави NBC News.

Сенатот предводен од републиканците работи на брзо потврдување на кандидатите на Трамп за високи позиции во неговата администрација, почнувајќи од неговиот тим за национална безбедност.

Поранешниот републикански сенатор Марко Рубио беше потврден за државен секретар во понеделникот, на денот на инаугурацијата на Трамп, додека утре Сенатот треба да гласа за изборот на Трамп за поранешниот водител на Фокс њуз, Пит Хегсет, за секретар за одбрана.

Комитетот за разузнавање на Сенатот закажа сослушување за 30 јануари за поранешната конгресменка Тулси Габард, која Трамп ја номинира за директор на националното разузнавање за време на неговиот втор мандат.

Членовите на Комитетот за разузнавање на Сенатот минатата недела долго го испрашуваа Ретклиф за време на неговите сослушувања за номинација за тоа дали ќе отпушти или ќе ги принуди вработените да си заминат поради нивните политички ставови или мислења за Трамп, кој често ја критикуваше највисоката американска разузнавачка агенција и нејзините проценки.

Ретклиф вети дека нема да го стори тоа, а комисијата го поддржа со 14-3 гласови на состанокот во понеделникот, отворајќи го патот за разгледување од целиот Сенат.

Ретклиф беше директор на националното разузнавање, главниот американски шпион, од мај 2020 година до заминувањето на Трамп од функцијата во јануари 2021 година.

Тој, исто така, за време на сослушувањето изјави дека е уверен дека САД можат да се спротивстават на Русија и Кина, вети дека ќе истражи дали американскиот персонал погоден од „синдромот Хавана“ е цел на противниците и дека ќе развие офанзивни сајбер алатки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk