logo
logo
logo

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес

Vecer | 08.01.2025

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес

Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша.

Американски медиуми јавија за голем број на куќи во пламен.

Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток. Во комбинација со ниската влажност и сува вегетација поради недостаток на дожд, условите се исклучително опасни, објавија властите.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека државата почнала да ги преместува ресурсите за гаснење пожари од северна кон јужна Калифорнија уште во саботата поради временските предупредувања. Многу од тој персонал, противпожарни возила и авиони останаа на позиции на друго место во Јужна Калифорнија поради опасноста од пожар за поширокиот регион, додаде тој. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk