logo
logo
logo

Поради големата суша, во Британија ќе се ограничува користење на водата

Vecer | 12.08.2022

Поради големата суша, во Британија ќе се ограничува користење на водата

Британското водостопанство „Јоркшир Вотер“ денеска објави дека од 26 август ќе воведе одредени ограничувања, со образложение дека во делови од регионот на северна Aнглија имало најмалку врнежи откако почнале да се бележат пред повеќе од 130 години, пренесува Ројтерс.

– Екстремно топлото и суво време предизвика исчезнување на реките во Јоркшир и нашите акумулации се за околу 20 отсто пониски отколку што би очекувале за овој период од годината – соопштија од компанијата.

Неколку други водостопанства веќе најавија рестрикции за користење на водата.

Забраната за црева и прскалки за корисниците на „South East Water“ стапува на сила денеска, а „Thames Water“, која снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон, рече дека планира и ограничувања.

Претходно оваа недела, британскиот министер за животна средина Џорџ Џастис ги повика водоводните компании да преземат мерки на претпазливост за да го заштитат снабдувањето со вода и да се справат со ефектите од продолжената суша, бидејќи се предвидува нов топлотен бран низ целата земја, според Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk