Тој истакна дека мирот мора да се гради врз темелите на решението со две држави и меѓународен легитимитет, се вели во соопштението од кабинетот на Абас.
- Оваа визија има за цел да воспостави држава Палестина која ќе може да живее во мир и безбедност со државата Израел, рече Абас.
Трамп ја истакна важноста на заедничките напори за воспоставување безбедност и сигурност во регионот и ширум светот.
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска положи заклетва како 47-ми претседател на САД./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата