Спасувачките екипи и денес се активни на терен во Тексас, во обид да пронајдат преживеани и да помогнат на погодените од разорните поплави кои го зафатија реонот во текот на викендот. Бројот на жртви продолжува да расте и надмина 100 лица.
Официјалните податоци говорат за најмалку 104 потврдени загинати, додека стотина спасувачи трагаат по исчезнати, особено во најтешко погодената Кер Каунти, каде што досега се пронајдени 84 тела, меѓу кои има и 28 деца.
Властите за сега не даваат одговор зошто дел од летните кампови не биле евакуирани навреме, и покрај предупредувањата за невреме.
Метеоролозите најавуваат нови врнежи и во наредните денови, што значи дека постои реален ризик од дополнителни поплави во централните делови на државата.
Локалните и државни служби за итни случаи остануваат ангажирани, користејќи хеликоптери, чамци и помош од доброволци. За засегнатите семејства се обезбедуваат и привремени сместувачки објекти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата