Утрово Украинка, активистка на движењето „Фемен“, се обиде да се приближи до јаслите поставени на плоштадот Свети Петар во Ватикан, со намера на нејзиното тело да истакне две пораки: „Каде е моето дете?“ на градите и „Путин е воен злосторник“ на грбот и да ја извади статуата на Исус од јаслите. Меѓутоа, како што пишува Il Messaggero, таа била спречена од полицајци на Ватикан, кои ја надгледувале областа.
Според полициски извори што ги објави Анса, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила службено лице. Таа била пријавена и за недолично однесување на јавно место. При апсењето таа извикала на англиски: „Ова е мое дете!“ и „Путин е воен злосторник!“
Како што може да се види на видеото, жената се обидела да ја извади статуата на Исус од јаслите, но полицајците ја спречиле во тоа.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
Движењето Фемен објасни дека тој чин бил протест против руското киднапирање на повеќе од 700.000 украински деца. Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за премалку вклученост во решавањето на проблемот и додаде дека кога била уапсена активистката, уапсен е и фотографот кој бил на местото на настанот.
„И покрај апсењето на активистката и фотографот, меѓународната заедница нема да го игнорира овој протест. ФЕМЕН ја продолжува својата борба и го повикува светот да преземе активна акција против злосторствата на Путинова Русија“, изјавија тие.
Ова не е прв пат движењето ФЕМЕН да ја користи оваа тактика за да ја подигне свеста за одредени прашања. Така, во 2014 година, активистка на движењето украла статуа на Исус од јасли, поради што била уапсена и приведена.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата