Почнувајќи од полноќ, Полска ќе воведе засилени контроли на својата граница со Германија во напор да го намали нерегуларниот премин на мигранти. Според информации на граничните служби, контролите ќе бидат фокусирани на автобуси, минибуси и возила со повеќе патници или затемнети стакла.
Иако нема да се инсталираат физички бариери на граничните премини, ќе бидат поставени соодветни знаци и ќе биде ограничено движењето поради сумирање на автомобилите. На овој начин, возилата ќе мораат да забават и да поминат низ проверка.
И на литванската граница се предвидени слични мерки. Проверката ќе опфати документи на возачите и патниците, како и преглед на багажот. Властите нагласуваат дека жителите од граничните региони нема да се соочат со непотребни потешкотии.
Оваа одлука е донесена како реакција на претходно воведените гранични контроли од страна на Германија на оваа гранична линија, кои се во сила од октомври 2023 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата