logo
logo
logo

Полска почна да гради ѕид кон Русија, на него ќе постават 3.000 надзорни камери

Vecer | 19.04.2023

Полска почна да гради ѕид кон Русија, на него ќе постават 3.000 надзорни камери

Ѕидот треба да биде завршен до крајот на септември, а Камински тврди дека ќе биде сличен на ѕидот со „многу дневни и ноќни камери и сообраќајни монитори“ што постои на делови од полско-белоруската граница.

„Ќе имаме сеопфатен мониторинг на сѐ што се случува на границата со Русија“, посочил тој. Полската гранична стража најавила дека на дел од речиси 200 километри ќе бидат поставени 3.000 камери за надзор. Компанијата за безбедносни системи Телбуд минатиот декември дпби договор вреден 81 милион евра со полските граничари.

Сепак, Полска не е првата земја која почна да поставува бариери на границата со Русија. Финска во февруари почна да гради 200 километри огради како дел од работите, чија вредност се проценува на 380 милиони евра. Финците тогаш најавија дека на металната ограда висока три метри ќе постават бодликава жица, а на чувствителните места ќе има камери за ноќно снимање, светилки и звучници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk