logo
logo
logo

Полска ќе врши контроли на границата со Германија

Vecer | 07.07.2025

Полска ќе врши контроли на границата со Германија

Премиерот на Полска, Доналд Туск истакна дека мерката е привремена и е одговор на построгите гранични контроли на Германија.

Германија и Полска, како и поголем број земји-членки на Европска Унија се дел од шенген зоната, каде нема гранични проверки помеѓу членките. Но, Германија од октомври 2023 година извршува проверки по случаен избор на границата со Полска. Проверките се интензивираа со доаѓањето на власт на канцеларот Фридрих Мерц, кој е познат по ригорозниот став за имиграцијата.

Полска до 5 август планира да врши проверки и на границата со Литванија.

Според полската погранична служба првенствено ќе се проверуваат автобусите, микробусите, автомобили со повеќе патници, како и возила со затемнети стакла.

Претходно, Берлин соопшти дека од 8 мај од границата со Полска вратени се 1.300 луѓе кои сакале да влезат во Германија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk