logo
logo
logo

Полска: Авијацијата во состојба на готовност поради руски закани

Vecer | 04.09.2024

Полска: Авијацијата во состојба на готовност поради руски закани

Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се наоѓа близу полската граница.

„Ова беше уште една многу напорна ноќ за целокупниот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради забележаната активност на далекосежната авијација на Руската Федерација која нанесува удари,“ напишаа од Оперативната команда на полските вооружени сили на платформата Икс.

Минатиот месец НАТО ги осуди „неодговорните дејствија“ на Русија откако нејзин дрон влезе во воздушниот простор на Полска.

„Од почетокот на руската инвазија во Украина во 2022 година, остатоци од руски дронови и ракети неколкупати беа пронајдени на територијата на сојузниците,“ изјави на 26 август портпаролката на НАТО Фара Дахлала. „Иако немаме информации што укажуваат на намерен напад на Русија врз сојузниците, овие дејствија се неодговорни и потенцијално опасни,“ нагласи таа./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk