Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“.
Откритие за време на земјени работи
Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на 10 јуни. „Значителни количини медицински отпад, главно парафински блокови и микроскопски слајдови, беа откриени на имотот во селото Луториж“, рече портпаролот на обвинителството Кшиштоф Чиехановски.
„Според досегашните сознанија, овие предмети беа откриени за време на земјени работи на имотот. Меѓу отпадот беа пронајдени човечки фетус и други остатоци за кои се верува дека се рани фази на фетуси или нивни фрагменти. Експерти за судска медицина дојдоа на местото на настанот и потврдија дека станува збор за човечки фетуси“, додаде обвинителот.
Медиуми: Пронајдени повеќе од 30 тела
Првите информации беа за десетина пронајдени фетуси, но медиумите подоцна објавија дека истражителите пронашле остатоци од околу триесет тела. Обвинителството нагласи дека точниот број ќе биде познат дури по стручните испитувања и идентификацијата на целиот пронајден материјал.
Работата на имотот ќе продолжи следната недела, а обвинителството објави дека во овој момент нема да објави повеќе информации за случајот.
Истрагата се води за сквернавење на мртовец, што носи казна до две години затвор, и за нелегално складирање на опасен отпад, за што казната може да биде до дванаесет години затвор.
Утврдено е дека сегашните сопственици го купиле парцелата од 57-годишната патолог Магдалена Х., која беше приведена во Замошќ во четврток. Жената требаше да биде испрашана, но тоа не се случи. Како што објави Радио Жешов, таа се разболела за време на притворањето и побарала медицинска помош, по што била однесена во болница.
Според медиумските извештаи, жената тврдела дека останките потекнуваат од материјал што се користи за патолошки испитувања. Неофицијално, постои и можност дел од материјалот да е земен од болницата за време на пандемијата „COVID-19“, што истражителите моментално го проверуваат.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата