logo
logo
logo

Данска ја поздрави промената во американскиот план за посетата на Гренланд

Vecer | 26.03.2025

Данска ја поздрави промената во американскиот план за посетата на Гренланд

Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека планираната посета на Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, и нејзиното присуство на популарната трка со санки на Гренланд, претставува „неприфатлив притисок“ врз Гренланд.

Белата куќа вчера соопшти дека делегацијата наместо Уша Венс ќе ја предводи нејзиниот сопруг, но дека посетата ќе биде ограничена на американската вселенска база „Питуфик“ на северот на Гренланд и оти делегацијата нема да присуствува на трката.

- Мислам дека е многу позитивно што Американците ја откажаа посетата на гренландската заедница. Наместо тоа, тие ќе ја посетат нивната база „Питуфик“, а ние немаме ништо против тоа, рече шефот на данската дипломатија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk