Нападот се случил два дена пред парламентарните избори во таа земја, соопшти неговата партија.
Боде бил удрен со пивско шише во задниот дел од главата и во слепоочницата, се наведува во соопштението. Политичарот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница, поради што до крајот на денот морал да ги откаже сите јавни настапи.
Нападот, меѓу другото, го осуди и премиерот на Холандија во заминување, Марк Руте, велејќи дека такво нешто е „целосно неприфатливо“.
Партијата на Боде е позната како евроскептична, националистичка и антиимиграциска, а се очекува да освои четири или пет места во 150-члениот холандски Парламент на претстојните избори. /МИА