logo
logo
logo

ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА НАТО: Украина и Западот останаа без тенкови и топови

Vecer | 28.11.2022

ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА НАТО: Украина и Западот останаа без тенкови и топови

Според проценката на НАТО, тоа веќе не можело да се одвива таму, па затоа резервите на оружје се намалени насекаде.

Со војната во Украина, во Европа се врати класичната артилерија и тенковската војна, која, според проценката на НАТО, тука повеќе не можеше да се одвива, па залихите на оружје се намалени насекаде. Додека двете страни пукаат со оружје и муниција со темпо невидено од Втората светска војна, снабдувањето со оружје може да се покаже како одлучувачко за одбраната на Украина, предупредува Њујорк тајмс.

Минатото лето, за време на офанзивата во Донбас, Украинците испукуваа по 6.000 до 7.000 гранати дневно, а Русите од 40.000 до 50.000. Количината е многу голема, со оглед на тоа што се знае дека за еден месец Америка може да произведе 15.000 гранати.

Зачудувачки е колку оружје се користи, велат претставници на НАТО.

Во Авганистан силите на НАТО стрелаа по 300 гранати дневно и не се грижеа многу за противвоздушната одбрана.

Но, Украина истрелува илјадници гранати дневно и очајно бара од Западот системи за противвоздушна одбрана против руски ракети и беспилотни летала од иранско производство.

Еден ден во Украина е како еден месец или повеќе во Авганистан, вели Камил Гранд, експерт за одбрана и до неодамна помошничка на главниот секретар на НАТО.

Затоа сојузниците трескавично бараат оружје од советската ера, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана С-300, тенкови Т-72 и особено артилериски гранати од советски калибар.

Тие се обидуваат да купат муниција од земји како Јужна Кореја, а се зборува и за инвестирање на НАТО во стари фирми во Чешка, Словачка и Бугарија за да се рестартира производството на советски гранати од 152 и 122 милиметри.

Земјите на НАТО и дадоа на Украина некоја напредна западна артилерија која користи гранати од 155 милиметри според стандардот на НАТО. Но, системите на НАТО ретко се сертифицирани да користат гранати направени во други земји, што е начин за производителите на оружје да заработат дополнителни пари. Најголем проблем е со гранатите од калибар 155 мм.

Вкупно, земјите од НАТО досега обезбедија оружје во вредност од околу 40 милијарди долари за Украина, приближно колку годишниот воен буџет на Франција.

Французите создадоа фонд од 200 милиони евра за набавка на оружје произведено во Франција.

Американците ги притискаат Франција, Германија, Италија и Холандија да испратат повеќе во Украина. Но, Германија и Франција, како и САД, сакаат да го контролираат оружјето што го добива Украина за да спречат ескалација и директни напади врз Русија

Поранешниот стратег за оружје на Белата куќа, Марк Ф. Кансијан, рекол дека Украинците неуспешно бараат од Западот ракети земја-земја со долг дострел ATACMS кои би можеле да ги погодат Русија и Крим, западните борбени авиони и модерните западни тенкови.

Сепак, официјално американските власти негираат дека има проблем и нагласуваат дека имаат се што им е потребно за да продолжат да ја снабдуваат Украина. „Ние сме посветени на Украина да и го обезбедиме она што и е потребно на бојното поле“, рече Сабрина Синг, заменик портпарол на Пентагон, откако најави нови ракети „Стингер“ за Украина.

Но, официјално американските власти негираат дека има проблем и инсистираат на тоа дека имаат се што им е потребно за да продолжат да ја снабдуваат Украина.

„Ние сме посветени на Украина да и го обезбедиме она што и е потребно на бојното поле“, рекла Сабрина Синг, заменик-портпарол на Пентагон, откако најави нови ракети „Стингер“ за Украина.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk