logo
logo
logo

Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Vecer | 20.05.2025

Подољак: Ништо не се промени по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор, за време на кој рускиот лидер одби да се согласи на прекин на огнот и наместо тоа ја изјави својата подготвеност да преговара за „меморандум во врска со потенцијален иден мировен договор“.

„За жал, по телефонскиот разговор Трамп-Путин, статусот кво не се промени“, напиша Михаил Подољак на платформата Х, додавајќи дека Украина продолжува да нуди итен и безусловно прекин на огнот, додека Европа целосно го поддржува овој чекор.

Подољак истакна дека САД остануваат глобален посредник, верувајќи дека Русија ќе преговара за бизнис и стратешки интереси. Во исто време, ставот на Русија останува непроменет во нејзината подготвеност да ја продолжи војната, додаде тој.

„Постои непроменет став на Русија: таа сè уште бара војна, уништување и убивање, верувајќи дека тие се единственото средство за зачувување на нејзината сегашна состојба. Постои Русија која не сака - и категорично одбива - да прифати прекин на огнот“, рече Подољак.

„И постои ова опсесивно барање на таканаречените „причини за војната“, иако единствената вистинска причина е едноставниот факт за неиспровоцираната агресија на Русија“, додаде тој. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk