logo
logo
logo

Подољак: Денешни преговори ЌЕ ЗНАЧАТ ДЕКА РУСИЈА ПОБЕДИЛА

Vecer | 13.08.2022

Подољак: Денешни преговори ЌЕ ЗНАЧАТ ДЕКА РУСИЈА ПОБЕДИЛА

Мировните преговори со Русија ќе значат вистинска загуба на Украина, Европа и демократските вредности, изјави Михаил Подољак, шеф на кабинетот на Владимир Зеленски.

Така тој ги коментираше зборовите на британскиот експерт за Украина Тимоти Еш дека мировните преговори меѓу Москва и Киев би можеле да продолжат оваа есен.

- Денешните преговори со Руската Федерација ќе значат само едно: дека Русија победила. Ова е забележан пораз на Украина, евидентиран пораз на Европа, на демократските вредности како такви - рече Подољак.

Според него, мировните преговори со Москва би можеле да ја „поправат цивилизираната катастрофа“, а по нивното започнување ќе следи „колапс на целиот глобален безбедносен систем“.

Украина веќе плати висока цена, што е „многу повисока од можноста за итен прекин на огнот“, заклучи Подољак.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk