logo
logo
logo

Почна тридневното гласање на локалните избори во Русија

Vecer | 06.09.2024

Почна тридневното гласање на локалните избори во Русија

Во неколку региони на Русија денеска започна тридневно гласање на избори на различни нивоа, вклучително и директни избори за гувернери во 21 регион на Руската Федерација, избори за пратеници во Московската градска дума, како и дополнителни избори за пратеници во Државната дума.

Во некои региони, изборите ќе се одржат два дена (7 и 8 септември), додека во други, денот за гласање е 8 септември. Вкупно ќе се одржат над 4.000 изборни кампањи во 83 региони.

Дополнителните избори за пратеници во Државната дума ќе се одржат во три испразнети едномандатни изборни единици во Република Хакасија, Брјанската и Ростовската област.

Во Москва, од денеска до недела, ќе се одржат избори за пратеници во Московската градска дума од осмиот состав, пратеници во осум општински окрузи на Новата Москва и во општинскиот округ Куркино.

Се очекува Централната изборна комисија да ги утврди општите резултати од дополнителните избори најдоцна до 23 септември, а до 28 септември треба да бидат објавени резултатите за бројот на гласовите што ги добил секој регистриран кандидат./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk