logo
logo
logo

Почина Хозе Мухика: Hајсиромашниот претседател во светот – Поголемиот дел од платата ја донирал

Vecer | 14.05.2025

Почина Хозе Мухика: Hајсиромашниот претседател во светот – Поголемиот дел од платата ја донирал

Хосе Мухика беше поранешен претседател на Уругвај и еден од најпознатите левичарски политичари во Латинска Америка. Роден е на 20 мај 1935 година во Монтевидео, а функцијата претседател ја извршуваше од 2010 до 2015 година, пренесуваат сите светски медиуми.

Бил член на левичарската герилска група Тупамарос во текот на 1960-тите и 1970-тите, која се борела против воената диктатура во Уругвај. Бил повеќепати ранет и поминал околу 14 години во затвор, често во многу тешки услови, вклучувајќи и самичен притвор.

По враќањето на демократијата во Уругвај, станал политички активен преку партијата Широк фронт (Frente Amplio) и обавувал функции на пратеник, министер за земјоделство и на крај – претседател.

Светска слава стекна поради својот скромен животен стил. Живееше на мала фарма, возеше стара „буба“ (VW Beetle) и донираше околу 90 отсто од својата претседателска плата во хуманитарни цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk