logo
logo
logo

Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Vecer | 18.01.2025

Почина директорот на австриската компанија Страбаг, која ги гради патиштата низ Македонија

Компанијата, една од најголемите во земјата, „со голем шок“ ја објави „ненадејната и неочекувана“ смрт на 44-годишниот вчера доцна вечерта. Австриските медиуми ја цитираа изјавата на портпаролката на компанијата дека Хаселштајнер починал од природна смрт.

Неговите претходни должности сега, како што соопштија од компанијата, привремено ќе ги преземат другите членови на одборот.

 Страбаг е една од најголемите градежни групи во Европа. Според информациите, компанијата неодамна остварила годишна продажба од  19 милијарди евра и вработува околу 86.000 луѓе ширум светот, пренесува Bild.

Хаселштајнер е во одборот од 2020 година, а негов претседател од јануари 2023 година. Тој беше третиот најстар син на градежниот магнат Ханс Питер Халштајнер, студираше бизнис администрација во САД (Универзитетот во Чикаго), а потоа работеше за Страбаг во Русија пет години и уште пет години во Штутгарт за подружницата на Страбаг во Зублин пред да се пресели во Одборот.

44-годишникот зад себе остави три деца.

Компанија во Македонија е позната по изградбата на бројни патни делници, како онаа од коридорот 8 , потоа патниот правец Градско – Дреново, Штип- Радовиш , како и железничката делница кон Куманово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk