-Израел, особено премиерот Бенјамин Нетанјаху, има значајно досие за прекршување на примирјето, ова не смее да се дозволи овој пат во Газа. И покрај 467 дена геноцид и масакр, Израел не успеа да ја скрши волјата на отпорот на нашите браќа и сестри во Газа, рече тој на конгресот на неговата партија во Адана, југоисточна Турција, пренесува Анадолија.
Турскиот претседател ја повтори посветеноста на Турција да ги изведе пред лицето на правдата одговорните за воените злосторства во Палестина.
Според Ердоган, Турција ќе ги мобилизира сите ресурси за да ги „залечи раните“ на Газа за време на периодот на прекин на огнот.
Говорејќи за Сирија, Ердоган рече дека израелскиот проект да ја подели Сирија на три дела, претворајќи ја во „лесни за голтање залаци“ – пропадна.
Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размена на заложници кои Хамас ги држеше за палестински затвореници во израелските затвори, објави „Тајмс оф Израел“. Договорот може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата