Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат светските медиуми.
Поранешниот премиер на Италија беше хоспитализиран минатиот петок, за да направи „планирани тестови“ поврзани со хроничната миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе извесно време.
Медискиот тајкун и милијардер, прв пат дојде на функција во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата