Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 mm (3,9 инчи) дожд за 24 часа, пишува Гардијан.
Сателитските снимки на НАСА покажуваат дека езерото Ирики, кое е суво 50 години, се наполни со вода.
„Поминаа меѓу 30 и 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, изјави за АП Хусине Хуабеб, официјален претставник на метеоролошката агенција на Мароко.
Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, можат да ги променат временските услови во регионот во наредните месеци и години.
„Како што воздухот задржува повеќе влага, тој поттикнува повеќе испарување на водата и предизвикува повеќе бури“, изјави Хуабеб за американската агенција.
Селест Сауло, генерален секретар на Светската метеоролошка организација, изјави дека „циклусот на водата во природата низ светот се менува со зголемена фреквенција“.
„Поради порастот на температурите, хидролошкиот циклус се забрза. Тој исто така стана непредвидлив и нестабилен, а денес се соочуваме со се поголеми проблеми со премногу или премалку вода“, рече Сауло.
Во поплавите во Мароко минатиот месец загинаа 18 лица, а ефектите се проширија и во регионите кои беа погодени од земјотрес минатата година.
Исто така, имаше извештаи за преградени акумулации во југоисточниот регион кои се полнат со рекордно темпо во текот на септември.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата