logo
logo
logo

По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапки“

Vecer | 07.11.2024

По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапки“

„Имаме многу горчливи искуства со политиките и пристапите на различни американски влади“, изјави портпаролот на иранската дипломатија Есмаил Багај.

Како што пренесе официјалната агенција ИРНА, тој апелираше до Вашингтон „да ги преиспита погрешните пристапи од минатото“.

Владиниот весник „Иран“ наведува дека „иранската економија е погодена од притисоци, но дека сега ситуацијата е поинаква и дека Трамп повеќе нема да може да го изолира Иран и да и наштети на економијата на земјата“.

Доналд Трамп, за време на неговиот прв мандат, одржуваше многу тензични односи со Техеран.

Во мај 2018 година, тој еднострано ги повлече САД од договорот за иранската нуклеарна програма и повторно воведе строги санкции кон Техеран, и покрај постигнатиот договор со големите сили. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk