logo
logo
logo

Пленковиќ: Хрватска е подготвена да згрижи ковид-пациенти од Чешка и Словачка

Vecer | 10.03.2021

Пленковиќ: Хрватска е подготвена да згрижи ковид-пациенти од Чешка и Словачка


Хрватска е подготвена да згрижи десетина пациенти од Чешка и Словачка, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по телефонските разговори со колегите Андреј Бабиќ и Игор Матовиќ.

„Ја изразив подготвеноста на Хрватска да згрижи десетина ковид-пациенти од Чешка и Словачка во случај на потреба, со оглед на притисокот врз нивните здравствени системи“, објави Пленковиќ на „Твитер“.

Пленковиќ додаде дека Хрватска е солидарна со членките на ЕУ во борбата против Ковид-19.

Чешка, земја со 10,7 милиони жители во последните неколку недели е меѓу најтешко погодените земји во светот, а бројни регионални болници се преплавени со прилив на пациенти. Минатата недела Чешка побара помош од Германија, Швајцарија и Полска за згрижување на пациенти. Соседна Словачка ги пренесе своите први пациенти заболени од коронавирус оваа недела во странство. Полска и Германија досега понудија десет кревети на словачки пациенти, наведе Братислава.

Словачка има 17,03 смртни случаи на милион луѓе во последната недела, веднаш зад соседната Чешка, која има 18,85 смртни случаи на милион жители.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk