Пипен беше прашан дали е најдобриот „сестран“ играч во историјата на НБА. Тој одговори дека е така, ако се гледа од тимска перспектива.
-Моите успеси со тимот се поголеми од оние на Леброн. Имам шест титули, изјави Пипен.
После тоа, поранешниот кошаркар беше прашан дали мисли дека сопствениците на франшизата во НБА ќе го изберат него наместо Леброн. Легендата на Булс истакна дека Џејмс „брка титули“ и се запраша дали индивидуалните награди се поважни од титулите.
-Дали сакате индивидуални награди или титули, бидејќи знам дека не ги бркав моите, рече Пипен.
И покрај коментарите на Пипен, Леброн и понатаму е еден од најдобрите играчи во лигата. Иако неодамна наполни 40 години, во 37 одиграни натпревари има просек од 23,8 поени, 7,4 скока и 8,9 асистенции.
Лејкерси, исто така, ја заземаат шестата позиција во западната конференција./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата